Дарко Панчев во идеалниот тим на Црвена Звезда во изборот на колегите!

Дали Знаете

Српскиот сајт „Mozzartsport“ организираше гласање на 160 фудбалери кои ги носеле дресовите на Црвена Звезда и Партизан, а се бираа идеални единаесетки низ историјата. По 80 сегашни или поранешни ѕвезди добија шанса да дадат свој глас.

Во изборот место имаше и за Дарко Панчев. Поранешната Златна копачка на Европа го предводи нападот на Црвена Звезда во изборот на колегите.

Изборот на идеалните тимови:

Дарко Панчев доби 72 гласа, односно 45% од гласачите го избраа него во нападот на српскиот гигант.

Играјќи за Црвена Звезда на 92 натпревари македонската легенда постигна 84 погодоци. Во Србија и меѓу навивачите на клубот тој е многу почитуван поради својот придонес во походот кон европскиот трон.