Штипјанецот Матеј Марков замина на Светското првенство во спортско качување на вештачка карпа во Сеул, Јужна Кореја

Дали Знаете

Ученикот во СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип, Матеј Марков, како дел од македонската репрезетнација, денес замина за Сеул, Јужна Кореја, каде ќе настапи на Светското првенство во спортско качување на вештачка карпа.

Во рамки на подготовките, Марков најпрво ќе отпатува за Токио, Јапонија, каде ќе учествува на репрезентативните подготовки и ќе тренира со врвни тренери во најсовремени спортски услови.

Ова претставува голем успех и признание за Матеј, така и за неговото училиште, кое со гордост му силна поддршка, од каде му посакаа многу успех, спортска среќа и победи на претстојното Светско првенство.