Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Спорт

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина.

„Пет победи во низа за младите селекции се радост и надеж за иднината на нашиот фудбал. Сепак, пред нас е уште многу работа, а овие резултати се поттик да продолжиме уште посилно“, порача Омерагиќ.

Тој истакна дека македонската фудбалска јавност има причина да биде горда и увери дека ФФМ ќе продолжи со поддршка и инвестирање во младите категории, кои се темел на иднината на националниот тим.