Општина Битола покажа експедитивност – исправен натписот на споменикот на Турунџев

Македонија

Битола, 6 септември 2025 – По реакциите во јавноста, Општина Битола интервенираше и ја замени таблата на споменикот на народниот херој Александар Турунџев, која претходно не беше напишана на македонска кирилица.

Новата верзија е изработена согласно јазичните стандарди – на македонски јазик и со македонска кирилица.

Граѓаните ја поздравија навремената интервенција, оценувајќи ја како важен чин на почитување на јазикот и културното наследство.