
ДИМЧЕ СКАПА НА ДРЖАВНА ЦИЦКА
Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, преку објава на социјалните мрежи упати сериозна критика кон лидерот на Димитар Апасиев. Поводот, како што наведува, биле честите прашања од негова страна – што сработиле оние кои не биле „на државна цицка“.
„Одлично прашање!“, одговори Богојески, но во исто време врати со контрапрашање: „А што има Димче сработено на приватно, без државна цицка?“.
Во својата објава, тој вели дека низ годините работел во различни области: од трговија, аргатлук, анкетарење, изведби, инвестиции, консалтинг, научни трудови, туризам, предавања во странство, до медиуми и ПР активности. Според него, секоја работа ја завршувал чесно, без поддршка „од тато, мама или вујко владика“.
За разлика од тоа, Богојески тврди дека Димче целиот свој работен век го минал на буџет, односно на „државна цицка“.
„Две децении високи примања – прво во СЈО како измеќар на Катица, потоа на штипскиот факултет како измеќар на Груевски, а во Собранието како измеќар на Заев и Али“, тврди Богојески.
Со оваа порака, претседателот на Македонски концепт завршува дека „некои прашања заслужуваат одговор“, повикувајќи на транспарентност и отчетност на оние кои често прозиваат, но самите немаат лични резултати надвор од јавната админситрација.