Министрите за спорт од регионот во Скопје: стартува Регионалниот спортски саем

Македонија

На 10 септември во хотел „ДаблТри Хилтон“ во Скопје ќе се одржи првиот Регионален спортски саем, во организација на Министерството за спорт. Настанот ќе обедини министри за спорт од Македонија, Србија и Црна Гора – Ристовски, Гајиќ и Шчекиќ, како и фудбалските легенди Горан Пандев и Предраг Мијатовиќ.

Преку девет панел-дискусии, работилници и сесии за вмрежување ќе се дискутира за развојот на спортот, инфраструктурата, спортската дипломатија, медицината и промоцијата на здравиот живот. Саемот има за цел да иницира конкретни проекти и регионални партнерства.

Настанот ќе заврши со претставување на Националната стратегија за развој на спортот 2025-2028, која ќе ја дефинира идната насока на македонскиот спорт.