
Привршува изградбата на црквата „Свети рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ на улица Македонија
Привршува изградбата на црквата „Свети рамноапостоли цар Константин и царица Елена“ на улица Македонија во Скопје.
Неофицијално, целосно уредена треба да биде пуштена до крајот на годинава. Од она што може да се види на терен, останува да се уреди надворешниот дел.
Од септември минатата година, интензивно се работи на внатрешноста — фрескоживопис, изработка на иконостас и подот, а подоцна Скопската епархија потврди дека дел од внатрешноста е завршен. Изминатата пролет беше објавено дека бизнисменот Кочо Анѓушев финансиски помогнал во изработката на фреските и во фрескоживописот, преку лична донација и поддршка од компании во негова сопственост.
Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатите од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години, известија пред извесен период од Скопската епархија.
Фотографии од внатрешноста на црквата може да погледнете на следниов линк.