Омерагиќ: Источната трибина бесплатна за децата и младинските категории

Спорт

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека за претстојниот натпревар на националниот тим против Лихтенштајн ќе биде овозможен бесплатен влез на источната трибина за децата и младите фудбалери заедно со нивните тренери.

Оваа одлука се однесува на сите категории од Детската лига, фудбалските школи од регионалните лиги, како и на младите селекции – пионери, помлади пионери, кадети и младинци.

Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе се одигра на 7 септември 2025 година, со почеток од 18:00 часот, на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје.