Коњановски оддаде почит на храброста на Седмата ударна бригада во Битола

Македонија

Денес, во организација на Здружението на Ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија – огранок Битола, беше одбележан Денот на формирањето на Седмата ударна бригада.

Почит кон подвигот на бригадата беше оддадена со положување свежо цвеќе на бистите на Васко Каранѓелевски и Пецо Гудовски во Градскиот парк.

Во име на Општина Битола, присуствуваше градоначалникот Тони Коњановски, како и претставници од Советот на Општината, Сојузот на борци и здруженија на ветерани на одбраната на Република Македонија.

 

Манифестацијата ја истакна важноста на историското сеќавање и почитта кон храброста и жртвите на припадниците на Седмата ударна бригада.