Ѓорѓиевски: Дечињата од Подстаница повеќе нема да патуваат километри до градинка

Македонија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека денес официјално е отворена новата детска градинка во Подстаница, изградена на местото на поранешен руиниран и запуштен објект. За првпат, дечињата од оваа населба нема да мора да патуваат по неколку километри за да посетуваат предучилишно образование.

Ѓорѓиевски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и заедничката визија дека секое дете заслужува квалитетно предучилишно образование.

Нова градинка ќе овозможи подобри услови за развој и образование на најмладите жители на Општина Кисела Вода.

 

ВИДЕОТО може да го погледнете тука