Македонски Концепт: Честит Ден на победата – 13 август 2001

Македонија, Политика

„Почитувани македонски граѓани и Бранители,

Политичката партија Македонски Концепт и Македонски бранителски концепт како асоцијацијата на Бранителите, Ви го честита Денот на победата – 13 август 2001 година, еден од најсветлите моменти во современата македонска историја.

На овој ден македонските безбедносни сили во Битката кај Радуша извојуваа историска победа, спречувајќи ја окупацијата, терористичкиот напад од учк и кзк и обидот за труење на Скопје преку заземање на изворот Рашче. Со храброст и пожртвуваност, нашите Бранители ги одбранија територијалната целост и суверенитет на Македонија, поразувајќи бројно посилен непријател.

Овој ден е доказ дека македонскиот народ знае да се брани, да победи и да ја зачува својата татковина. Бранителите од Радуша ја одбранија секоја педа македонска земја, ја заштитија државата, отворајќи го патот за идната интеграција на државата во НАТО и Европската Унија.

Македонски Концепт останува посветен на идејата овој ден да биде прогласен за државен празник и Бранителите од Радуша да бидат одликувани со највисоки државни признанија.

Нека ни е честит Денот на победата!
Победа или победа!
Да живее Македонија!“, се вели во соопштението за јавност од ЦКА на Македонски Концепт.