Боки 13 спремен за „летање“ – Јовановски се пофали дека извадил македонски пасош (ФОТО)

Дали Знаете, Забава

Познатиот водител и шоумен Бојан Јовановски, попознат како „Боки 13“ се пофали на социјалните мрежи дека извадил нов македонски пасош со уставното име. Во објава на своите профили на социјалните мрежи, Јовановски напиша: „Eте го бидна, јас сум спремен, а вие…?“.

Осудениот за „Рекет“ во месец март годинава доби намалена затворска казна за предметот. Како што одлучи тогаш Апелацискиот суд, казната се намалува од 9 на 5 години затвор. Со тоа, на Јовановски му останаа само уште неколку месеци за доиздржување на казната.

„Боки 13“ имаше прекин на затворската казна врз основа на медицинска документација доставена од лекарски конзилиум. Повеќе лекари тврдеа дека е хендикепиран од прв степен и не може да ја издржува затворската казна. Судот ги прифати тие лекарски наоди и му овозможи да остане на слобода. Врз Јовановски во 2023 година беше извршена операција за целосно отстранување на желудникот.

Кон крајот на месец јануари, Јовановски објави на својот Инстраграм профил дека неговото здравје се уште е загрозено. Поранешниот телевизиски водител не сакаше да ги коментира своите проблеми, па оттаму побара и приватност.

Во последните месеци, „Боки 13“ води свој поткаст на кој може да се видат гости од различни професии во државата.

Јовановски за „Рекет“ беше осуден на затвор од 9 години. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е осудена на 7 годишна затворска казна. Третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за предметот и беше осуден на 3 години затвор. Јанева и Јовановски беа спроведени во затворот Идризово на 23 јуни 2021 година на издржување на затворската казна.