МЕЏИТИ КАНДИДАТ ЗА ЧАИР: „ЈА НАПУШТИВ ВЛАДАТА ЗА ДА ИМ СЛУЖАМ НА ГРАЃАНИТЕ“

СКОПЈЕ

Првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, денеска официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир.

„Чаир е повик што не можам да го одбијам! Чаир е обврска што со понизност ќе ја исполнувам! За Чаир прифатив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу моите луѓе. Верувам и сигурен сум дека ја направив вистинската и исправна одлука“, изјави Меџити.

Тој потенцираше дека Чаир има потреба од градоначалник кој е постојано присутен меѓу граѓаните, за да им даде помош и поддршка.

„Луѓето од Чаир заслужуваат градоначалник кој бил, е и ќе остане секогаш меѓу нив“, додаде Меџити.

Кандидатурата тој ја заврши со пораката: „Победа. За Чаир. Нека ни е со среќа!“