
Собранието изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, објави 4NEWS.mk
Собранието му изгласа недоверба на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова значи дека сега тој треба да одлучи дали сам ќе се повлече од функцијата преку поднесување на оставка или ќе продолжи да работи, објави 4NEWS.mk
На поднесената интерпелација од Левица, поддршка дадоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ рекоа дека третата власт треба да биде независна и дека потребно е професионално јавно обвинителство, објави 4NEWS.mk
„Интерпелацијата нема правни последици и СДСМ нема да учествува во гласањето, одлуката е на обвинителот“, рекоа до СДСМ.
Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка на интерпелацијата се очекува дека Владата ќе поднесе и предлог за разрешување, што беше идеја пред трагедијата во Кочани, објави 4NEWS.mk
Во Законот (член 87), како причини за престанок на функцијата се наведуваат: сопствено барање, губење на државјанство, трајна загуба на способноста за вршење на функцијата, старосна пензија, избор на друга функција, правосилна пресуда со најмалку шест месеци затвор, објави 4NEWS.mk
Во следниот член 88, се предвидуваат уште неколку опции. Едната е дека Влада по претходно мислење од Советот на јавни обвинители „поднесува предлог за разрешување“, како и дека Советот сам може да поведе иницијатива образложувајќи ги причините, околностите и фактите.
Истиот член предвидува и дека на републичкиот обвинител може предвреме да му заврши мандатот поради тешка дисциплинска повреда, како и доколку стане член на политичка партија.