Битола гради: Коњановски со големи инвестиции во улици и патишта низ градот и селата

Македонија

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, најави нов инвестициски бран во патната инфраструктура, со фокус на изградба и реконструкција на коловози и улици низ руралните и урбаните делови на општината.

Во рамки на инвестициите во рурални средини, се реализираат:

  • Изградба на улици во с. Карамани
  • Пат до манастирот Св. Меркуриј во с. Барешани
  • Локален пат за с. Раштани
  • Реконструкција на коловоз во с. Ротино, с. Трн, с. Братин дол
  • Локален пат до с. Горно Оревое

Во урбаниот дел од општината, ќе се врши реконструкција на неколку клучни улици и булевари, меѓу кои:

  • „Христо Ботев“, „Димитар Тодоровски“, „Бегова чешма“
  • Дел од ул. „Васко Карангелески“ и „Романјиди“
  • Изградба и реконструкција на булеварот „1-ви Мај“ кај поранешна Треска
  • Улиците „Ѓорѓи Димитров“, „Даме Груев“ (крак 1, 2, 3)
  • Ул. Дебарска, Караорман, Мукос, Јубилеј 5 во населба Баир

„Инфраструктурата што ја градиме не само што поврзува урбани со рурални заедници, туку ги отвора вратите за економски развој и поквалитетен живот за сите наши сограѓани. Инвестираме во иднината“, порача Коњановски.

Оваа иницијатива е дел од пошироката визија на општината за рамномерен развој на сите населени места и создавање услови за побрз и побезбеден сообраќај.