Конечно врнежи во Македонија – дознајте ја најновата метео анализа

Времето денес

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, информира УХРМ.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Според најновото ажурирање на прогностичкиот Европски модел, се укажува на тоа дека следната седмица конечно можеме да очекуваме врнежи и во Македонија. Денот станува се помал, а со тоа полека се намалуваат и шансите за екстремно топли бранови кои според овој модел ги нема на повидок, пишува метеорологот Славчо Попоски.