Општина Битола отвора можност за работа преку програма за заштита од пожари и пошумување

Македонија

Општина Битола, во соработка со Агенцијата за вработување, објави јавен повик за работно ангажирање на 30 невработени лица евидентирани во АВРМ. Повикот се однесува на вклучување во мерката 6.2 – Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина (пошумување) на локално ниво.

Целта на мерката е зголемување на вработливоста и активно вклучување на граѓаните во заштита на природата и спречување на пожари, преку ангажман во траење од најмногу пет месеци. За избраните кандидати е предвидена месечна надомест од 24.000 денари, со вклучени придонеси за осигурување од повреди на работа и професионални болести, како и данок на личен доход. Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на АВРСМ, преку потсметката за активни програми и мерки.

Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите може да се пријават во Центарот за вработување Битола, а повеќе информации се достапни на официјалната веб-страница на општината:

https://www.bitola.gov.mk/prevencija-od-pozari/