Рокас: Идентитетот и јазикот не се дел од преговарачката рамка

Македонија, Политика

Позитивна оцена доби Извештајот на Европскиот парламент, од евроамбасадорот Михалис Рокас кој кажа дека дава силна поддршка на интегративните процеси на државата и ги поддржува реформските процеси, особено реформите во правосудството, борбата против корупцијата и останатите предизвици со кои се соочува државата.

По однос спорните одредби во Извештајот во врска со идентитетот и јазикот, Рокас потсети дека Европарламентот е независна институција, која носи политички одлуки согласно свои внатрешни процедури.

– Најважно е да се истакне дека идентитетот и јазикот не се дел од преговарачките рамки. Идентитетот и јазикот најдобро тие се бранат со полноправно членство во ЕУ, истакна тој.