Богојески: Ако не го раскажеме својот македонски јазик, ќе ни го раскажат другите!

Колумни, Македонија

Откако сѐ погласни се повиците за промена на начинот на кој македонскиот јазик се изучува во образовниот систем, Петар Богојески, претседател на движењето Македонски концепт, на својот Фејсбук профил истакна дека е неопходно македонските ученици да добијат автентичен, сопствен јазичен наратив, кој ќе ги опфати корените, развојот и културната длабочина на македонскиот јазик низ историјата.

Во своето јавно излагање, Богојески порача:

„СОВРЕМЕН (нов) македонски јазик значи дека постоел ДРЕВЕН (стар) македонски јазик!
Време е да научиме нешто од Грција и во школите нашите деца да учат токму таков ‘јазичен наратив’, што кај нив се нарекува ‘ΝΕΑ ΕΛΛΗΝΙΚΗ ΓΛΩΣΣΑ’ или нов грчки јазик!
Ако продолжиме со ‘српскиот наратив’ за македонскиот јазик, ние ќе го изгубиме и јазикот и главите!
Македонските деца треба да учат ‘македонски наратив’ за македонски јазик… прва лекција за древниот јазик и феникиското писмо… како сите на Балкан сме пишувале исто… па латинското и модификациите… втора лекција за глаголичниот (јазичен) и државен сепаратизам на Кирил и Методиј од Рим… па македонизирање на Бугарите преку старата кирилица од Климент и Наум… црковното слово… трета лекција модификации под Султанот на Рим… руската интервенција и егзархизацијата… бугарската национализација и македонските бунтови… користење на автентични македонски букви – i (j)… забрана за кодификација на македонски јазик и писмо (ќустендилска влада и лерински комитет)… печатење во братски Хрватска и Украина… Мисирков… школување на ново српски и ново бугарски… четврта лекција за создавање на современ македонски и современ бугарски јазик и новите азбуки…
Горе доле, со четири / пет автентични македонски лекции, ќе го вратиме македонското достоинство кај македонските деца и ќе им дадеме духовна (културолошка) и национална храна на нивните души!
Ама дали сакаме?
Се разбира, не знаеме!
Чекаме дозвола из Београду, пардон из Бриселу!
Македонецот не научи да користи ‘своја глава’!
Затоа имаме вакви понижувања / исмевање во ЕУ!
Македонски концепт за македонски јазик ни е потребен! Така ќе не биде!“

Овој став на Богојески е дел од поширока иницијатива за изградба на национално свесен и историски втемелен пристап во наставата по македонски јазик.

Идејата, според него, не е само образовна, туку и културна, па дури и идентитетска – во време кога македонскиот јазик е сè почесто предмет на надворешни интерпретации, но и внатрешни недоумици.

Богојески смета дека е крајно време македонските генерации да добијат своја верзија на приказната за јазикот – онаа што произлегува од самите македонски корени.