ВЛЕН: По години запоставување од ДУИ, започнуваме нова ера на заштита од пожари со 400 нови пожарникари

Македонија

За повеќе од 20 години на власт, ДУИ ги остави пожарникарските единици во нашите општини целосно запоставени, изложувајќи ги пожарникарите од албанска националност на работа без минимални услови, без адекватна опрема и без никаков план за заштита од пожари. Тие раководеа со Центарот за управување со кризи и со директори кои немаа ниту визија, ниту одговорност за овој животно важен сектор.

Денес, Владата предводена од ВЛЕН го менува овој реалитет! Усвоена е новата мерка „Јавни работи за заштита и превенција од пожари“, која за прв пат создава основа за одржлив и функционален систем за заштита од пожари во нашата земја.

Со овој иновативен програм, ќе бидат вработени 400 лица кои ќе помогнат во создавањето заштитни појаси против пожари и во спроведувањето на други превентивни активности во 14 општини со територијални пожарникарски единици. Ова се некои од превентивните мерки со кои Владата ВЛЕН се обврзува да ги намали и ограничи штетите што, за жал, граѓаните ги трпат секоја година.

Ова е голем чекор напред, од реактивна и пропагандна политика што ја следеше ДУИ, кон проактивен, одговорен и ефикасен пристап кој истовремено носи социјални и еколошки ефекти. Првпат заштитата од пожари се третира како државен приоритет, а не како сезонска тема за прес-конференции.

ВЛЕН не ветува празни зборови, ВЛЕН дејствува! Градиме функционални институции, создаваме достоинствени работни места и ставаме крај на децениите небрежност кон клучните сектори за безбедноста и благосостојбата на нашите граѓани.