Сончево и многу топло време, максималната температура ќе достигне до 40 степени

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.