
Општина Битола распиша јавен повик за проекти по повод Денот на ослободувањето – 4 Ноември
Општина Битола традиционално секоја година го одбележува Денот на ослободувањето на градот „4-ти Ноември“ со програма од неколку денови која вклучува културно уметнички и спортски активности кои се одвиваат на повеќе локации низ Битола.
Предмет на јавниот повик – кофинансирање на манифестации и проекти по повод Ден на ослободувањето на градот Битола, со кои се збогатува содржинската понуда по повод празнувањето на „4 ти Ноември“.
– музичка и музичко – сценска уметност
– театар
– ликовна уметност
– видео, фото, филмска уметност
– литература
– фолклор
– традиционални настани
– спортски настани
Вкупниот износ на средства кои се предвидени со овој повик е бруто износ од 900.000 денари.
Активностите треба да бидат реализирани во период од 28.10. – 10.11.2025.
Повеќе иформации за повикот објавени се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/4-noemvri/.