
Ѓорѓиевски од Архиепископот Стефан доби благослов за новиот почеток во Скопје
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари средба со Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, каде што доби благослов и мудри совети за претстојната изборна кампања.

Ѓорѓиевски потенцира дека од денес започнува активна комуникација со граѓаните на сите скопски населби и маала, посветен на нивните проблеми и потреби. „Секој ден ќе сум со вас, на терен, во секоја уличка и населено место, заедно да креираме победничка програма со која ќе го возобновиме Скопје“, истакна тој.

„Време е градот што сите го сакаме повторно да заблеска со својот сјај, достоинство и дух. Заедно, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.
Со оваа средба и порака, кандидатот јасно стави до знаење дека посветено и со одговорност ќе пристапи кон предизвиците што ги носат локалните избори.