Лав избегал од зоолошка градина, сериозно повредил човек

Дали Знаете

Лав избегал од кафез во зоолошка градина во Анталија, турско одморалиште во округот Манавгат, рано утрово.

Тоj нападнал локален работник и сериозно го повредил, по што избеганото животно било барано со помош на дронови. Лавот во меѓувреме е пронајден и убиен, објавија денес турските медиуми.

Мажјак лав по име Зевс избегал од својот кафез околу еден часот утрово во зоолошката градина „Лајон Ленд“, која се наоѓа на автопатот Д-400 во населбата Илиџа во Манавгат.

Тој го нападнал Сулејман Кир (53), кој работел во близина на паркот, и го повредил тешко околу 5 часот наутро.

Кога инцидентот бил пријавен, медицински тим го однел повредениот работник во болница, објавува весникот „Хуриет“.