Орце Ѓорѓиевски – кандидат за градоначалник на Скопје со резултати зад себе и визија за иднината

Македонија

Орце Ѓорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода, е официјалниот кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на партијата, а ја објави претседателот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

„Скопје заслужува енергија, визија и човек кој знае како се води општина. Ѓорѓиевски покажа дека знае како да направи резултати и сега е време таа посветеност да ја пренесе на ниво на главниот град,“ изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека Ѓорѓиевски води во анкетите пред сите имиња што се споменуваат во опозицискиот блок, што дополнително ја зацврстува неговата позиција како сериозен фаворит.

Орце Ѓорѓиевски стекна доверба кај граѓаните преку конкретни дела во Кисела Вода – со инвестиции во инфраструктура, уредување на јавниот простор, модерни училишта и подобра урбана слика.

Со неговата кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ испраќа јасна порака дека Скопје може да добие силно, одговорно и визионерско водство кое ќе донесе вистински развој за главниот град.