Битола фокусирана на безбедноста: Коњановски и Јанев со заеднички планови за делување

Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамките на кампањата „До вас, за вас“, која се реализира денес на плоштадот Гоце Делчев.

Целта на кампањата е преку директна интеракција со граѓаните да се подигне свеста за јавната безбедност, да се зајакне соработката помеѓу полицијата и заедницата, како и да се едуцираат граѓаните за улогата на полицијата во секојдневниот живот.

На средбата, двајцата соговорници дискутираа за реалните безбедносни предизвици со кои се соочува градот и разменија идеи за конкретни чекори за нивно надминување. Особен акцент беше ставен на поставување системи за видео надзор, со цел подобра заштита на урбаната инфраструктура, спречување на вандализам и унапредување на јавниот ред и безбедност.

 

„Продолжуваме со заеднички активности и координација во интерес на сите граѓани на Битола. Безбедноста и редот остануваат наш врвен приоритет“, истакна градоначалникот Коњановски.