Ганиу: Со нов асфалт и водоводна мрежа, улицата „Диџон 17“ доби нов лик

СКОПЈЕ

Денес беше успешно завршено асфалтирањето на улицата „Диџон 17“ во општина Чаир, со што се заокружи последната фаза од значаен инфраструктурен проект, поддржан од Владата на Република Северна Македонија.

Градоначалникот Висар Ганиу информира дека проектот вклучуваше изградба на нова фекална канализација во должина од 180 метри, како и подготовки за поставување на нова водоводна мрежа. Новата инфраструктура ќе обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за 35 домаќинства во оваа урбана зона.

„Работите беа реализирани согласно сите технички стандарди и во рамки на предвидените рокови, што е потврда за нашата посветеност на модернизација на јавната инфраструктура и подобрување на животниот стандард за сите жители на Чаир“, изјави градоначалникот Ганиу.

 

Проектот е дел од пошироката стратегија за урбано унапредување на општината, со фокус на одржлив развој, безбедност и квалитетни услуги за граѓаните