Уапсен е 42-годишник, обљубил 77-годишна жена во Радовишко

Хроника

МВР информира дека завчера попладне во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко.

Тој се сомничи дека нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.

Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор.