
Димитриеска Кочоска: Со Хрватска градиме партнерство за фискална дисциплина и економски напредок
Министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска оствари билатерална средба со својот хрватски колега Марко Приморац, на маргините на состанокот на Холандската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Луксембург.

Главна тема на разговорот беше зајакнувањето на билатералната соработка и размената на искуства во управувањето со јавните финансии. Министерката истакна дека Хрватска е важен и вреден партнер од кој може да се учи, особено во делот на фискалната дисциплина и користењето на европските фондови.

„Се согласивме дека преку блиска и конструктивна соработка можеме поуспешно да се справуваме со заедничките предизвици. Верувам дека со интензивирање на комуникацијата и координацијата меѓу нашите министерства, ќе придонесеме кон поотпорни јавни финансии и посилна регионална економија“, изјави Димитриеска Кочоска.
Средбата се одвиваше во рамки на пошироки дискусии со останатите членки на конституенцата, каде што се разговараше за глобалните и регионалните економски предизвици, вклучително и за растечките потреби за инвестиции во одбраната, климатските промени и дигиталната трансформација.