
Димитриеска Кочоска: Со Светска банка обезбедуваме основа за економска трансформација
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во Луксембург оствари средба со потпретседателката на Светската банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани. Разговорите беа фокусирани на стратешките приоритети за економски раст, капитални инвестиции и фискална консолидација.

Како што соопшти Димитриеска Кочоска, Буџетот за 2025 останува развоен и насочен кон проекти со висока додадена вредност, особено во делот на инфраструктурата. Таа ја истакна изградбата на брзата пруга на Коридорот 10 како клучна инвестиција што ќе ја зајакне конкурентноста на економијата и ќе донесе долгорочна стабилност.
Во рамки на средбата се разговараше и за искористувањето на околу 700 милиони долари од Рамката за партнерство 2024–2028 со Светската банка. Овие средства ќе бидат насочени кон подобрување на јавните услуги, поттикнување на поквалитетни работни места и зголемување на отпорноста кон климатските промени.