
Кирил Лазаров на гости кај Лино Червар, со црвено вино до славје за големото пријателство
Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, дел од својот одмор го искористи за посета на Лино Червар во Умаг.
Двете легенди соработуваа во хрватскиот шампион Загреб, каде што Лазаров го имаше своето прво интернационално искуство како играч.
Подоцна соработуваа и во националниот тим на Македонија, кога Хрватот беше на селекторската клупа.