СДС се подготвува за ТЕЖОК ПОРАЗ на локални избори: ЛАЖАТ дека МВР ќе издавале „нови“ лични карти

Политика

СДС користи стари и изветвени наративи за да го оправда претстојниот неминовен мега-пораз на локалните избори. Во стар-новиот мизерен наратив, тие денеска играат на старата прикаска за Пустец, па сега МВР ќе издавале лажни лични карти со некаков си нов систем.

Есдеесовците најверојатно чуле-не дочуле за обнова на некој дел, веројатно нов тонер на машините за лични документи, па го дуваат балонот кој на крај ќе пукне во нивниот скут, велат познавачите за КУРИР.

Кузеска со нова фризура и нова, жолта маичка упати небулозни и директни прашања до министерот за внатршни работи Панче Тошковски, зошто демек се ангажира фирма без релевантно искуство и без безбедносен серитфикат и кој можел да гарантира дека нема да има масовно издавање на нови документи непосредно пред изборите?!

Веројатно, водени од стотиците лажни пасоши на Спасовски за светски мафијаши и нарко босови или лажните лични карти на нивниот Чауш (кој за разлика од првиот заврши во затвор за тоа), таа патетично срочи дека наводно Министерството за внатрешни работи (МВР) тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Богданка Кузеска.

И не, не очекувајте извинување кога ќе стане јасно дека е сменет тонерот на машините кои тие ги чуваа во подрум, а кои благодарение на Тошковски се во погон и веќе нема мега-редици и чекање за документи по 6 месеци, сменети заради нивната ступидна смена на уставното, исконско име на Македонија.

Виновни за дебаклот во октомври ќе биде, кој друг ако не, погодувате, имагинарните лажни лични карти…