Јаулески најавува решавање на азбестниот проблем во Струга со голема реконструкција на водоводната мрежа

Македонија

Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ денеска најави почеток на голем проект за доброто на Струга, со кој ќе се реши долгогодишен проблем со азбестната водоводна мрежа во градот. Во рамките на проектот ќе се реконструира главната улица и 13 краци, во вкупна должина од 6,2 километри.

 

Јаулески истакна дека замената на старите и штетни азбестни цементни цевки е од огромно значење за здравјето на граѓаните, со оглед на тоа што азбестот е познат како причина за тешки болести, а неговото оштетување може да доведе до загадување на водата за пиење.

„Ние ги менуваме работите од корен, таму каде што никој порано не обрнал внимание. Без разлика кој е на власт или дали локалната самоуправа има слух за здравјето на стружани, ова го правиме за сите“, порача Јаулески.

 

Проектот се реализира благодарение на поддршката од Владата на Република Македонија, Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, и е само почеток на низа грантови и инвестиции кои ќе обезбедат подобра иднина за Струга и регионот.