СКАНДАЛ ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ: Бугарски политичар се закани со крв за Македонците!

Политика

Бугарскиот политичар Тони Баждаров, претседател на политичка партија во Бугарија, денес предизвика скандал со објава на Фејсбук, во која упати закана со крв кон Македонците. Заканата беше реакција на ставовите на Петар Богојески, претседател на Македонски концепт, кој претходно јавно одговори на тезата на бугарскиот претседател Румен Радев.

Реакциите на заканата не изостанаа – бројни коментатори го осудија говорот на омраза на Баждаров, укажувајќи дека ќе биде поднесена пријава за говор на омраза, закана и поттикнување насилство.

Во својата објава, Богојески посочи дека тезата на Радев – дека вековниот македонски јазик и идентитет претставуваат навреда за над 2 милиони Македонци во Бугарија – колку што е налудничава, толку е и точна. Тој го повика Радев најпрво да се погрижи за положбата на етничките заедници во сопствената држава, вклучително и македонската, пред да се занимава со Македонија.

Богојески подвлече три клучни точки:

1. Радев фактички признава постоење на над 2 милиони Македонци во Бугарија, иако многумина се отселени во земји како Шпанија.

2. Македонија е далеку подемократска држава кога станува збор за етничките заедници.

3. Најважно – Македонците од Македонија и од Бугарија се еден народ, кој говори еден ист јазик со различни историски и културни контексти, како и другите етнички заедници кои ги поврзуваат двете држави.

Поради сериозноста на заканите, Петар Богојески најави дека ќе поведе постапка пред Министерството за надворешни работи на Македонија, согласно Договорот за добрососедство со Бугарија, за санкционирање на говор на омраза. Дополнително, тој ќе ја информира Европската Унија за случајот.