
Легендата на светската кошарка, Владе Дивац итно опериран!
Еден од најдобрите европски кошаркари во историјата, екс НБА ѕвездата од Србија,Владе Дивац доживеа фрактура на колкот во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во Црна Гора, по што денеска е итно опериран.
Како што објавуваат српските медиуми, Диванц бил опериран и му бил поставен вештачки колк.
Инаку, славниот кошаркар се повредил паѓајќи од својот мотор во близина на Луштица и во таа прилика, како што објави српски Информер, доживеал скршеница на колкот.
По сообраќајната несреќа, тој не можел да стои, а сега му е поставен вештачки колк.
Поради тоа Дивац бил итно хоспитализиран и со брза реакција, навреме се спречени посериозни проблеми, а на поранешниот НБА ас му е вграден вештачки колк.