УХМР за денеска најави невреме во Македонија – ова се деталите

Времето денес

УХМР за денеска најави невреме во Македонија во попладневните часови, додека сончево и топло со мала до умерена облачност ќе имаме претпладне. Според информациите, до крајот на неделата особено попладне ќе имаме изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.