Ахмети не му верува: Таравари „испаѓа“ од комбинаториката во Гостивар, ДУИ има свој кандидат на локалните!

Македонија, Политика

„ДУИ одлучи да се кандидира со свој кандидат во Гостивар, затворајќи му ја вратата на Таравари, за може да го врати градот, со кој раководеше некогаш. Блиски извори укажуваат на длабоко незадоволство во редовите на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари: партиските активисти се чувствуваат предадени, а Таравари, симболично поставен на врвот на листата на советници, се смета повеќе како политички декор отколку како чинител за донесување одлуки.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“, повикувајќи се на свои извори во крилото на АА на Таравари.

Во веста порталот дополнува: Ситуацијата е уште понапната со сегашниот градоначалник на општина Гостивар: за него се смета дека е тргнат настрана и оти е запоставен во новите политички пазарења со Арбен Таравари.

Јасно кажува фактот што ДУИ се кандидира со свои структури во Гостивар: Ахмети не им верува ниту на Арбен Таравари, ниту на неговите луѓе! – објави „Актуале“.