
НАЈНОВА ВЕСТ: Откриено дали мајката Зорица смета дека таткото Александар е виновен за убиството на Вања!
На второто рочиште од завршните зборови на судењето против Љупчо Палевски-Палчо како првообвинет за грабнување на Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и за нивно убиство – на Панче на 22 ноември 2023 година, а на Вања 5 дена подоцна, обвинителките побараа доживотен затвор за него.
Доживотна затворска казна побараа и за обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски од Велес, како и Влатко Кешишев од Штип.
За таткото на Вања Алекдандар Ѓорчевски, кој според обвинението, му дојавил на Палевски кога неговото дете ќе оди само на училиште, без сестра ѝ, со што овозможил да ја киднапираат и потоа сите заедно да бараат откуп од мајката, обвинителката Ана Стојковиќ-Димитриевска побара судот да му одреди соодветна затворска казна.
Мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, преку адвокатката кажа дека се приклучува кон кривичниот прогон, на обвинетите, меѓу кои и на поранешниот сопруг Александар, таткото на нејзиното убиено дете.
Кон кривичниот прогон се придружија и ќерките на 74-годишниот Панче Жежовски, кои како и Зорица, бараат нематеријална отштета за душевна болка и за опоравување.