
Ѓорѓиевски: Расадник станува новиот дом на Вардар – симболично враќање на корените
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, заменик министерот Ѓоко Велковски и својот колега Дејан Митевски, вечерва беше дел од поддршката за РК Вардар – симболот на македонскиот ракомет и спортска гордост на целиот народ.

„Вардар не е само спортски колектив. Вардар е историја, традиција и љубов која се пренесува од генерација на генерација. Од славните европски вечери до домашните триумфи – Вардар е нешто што нè обединува“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека од следната сезона црвено-црните ќе тренираат и ќе ги играат своите натпревари во новата сала во Расадник, токму на местото каде што клубот ги направи првите ракометни чекори.

„Тоа е враќање дома! Таму ќе продолжиме сите заедно да го поддржуваме клубот со уште поголема љубов и жар. Да живее Вардар, да живее мајка Македонија!“, порача градоначалникот на Кисела Вода.