
Рејхан Рамадани од ВЛЕН: Арсовска фати се за работа!
По поројните дождови, скопските булевари повторно беа поплавени, предизвикувајќи сообраќаен хаос и тешкотии за граѓаните.
За оваа состојба одговорност сноси Градот Скопје поради недостиг на редовно одржување и чистење на шахтите, обвинуваат од ВЛЕН.
Советничката на коалицијата ВЛЕН во Град Скопје, Рејхан Рамадани, јавно реагираше критикувајќи ја градоначалничката Данела Арсовска и директорите на јавните претпријатија, кои ги именува токму таа.
„Дождот не е изненадување. Неспособноста и нередот – се! Ве молиме, оставете ја политиката и циркусот, направете нешто и помогнете им на граѓаните“, напиша Рамадани во својата реакција.
ВЛЕН бара Градот Скопје да преземе конкретни мерки за да се избегнат вакви ситуации кои се повторуваат по секој поголем дожд.