Мицкоски за Евроњуз Србија: За мене, ова е секогаш Македонија – Јас и народот ќе се бориме против предавниците (ВИДЕО)

Интервјуа, Македонија, Политика

Прашан во интервју за телевизијата Евроњуз Србија, направено во Скопје, македонскиот премиер Христијан Мицкоски не остави дилеми која е неговата земја.

„Во согласност со Уставот на државата, којшто на насилен пат беше променет, се наоѓате точно така како што кажавте – со придавката. Инаку, за мене, ова е секогаш Македонија“, одговори тој на прашањето дали се наоѓаат во „Северна“ или во Македонија.

„Јас сум легалист и ги почитувам и Уставот, и законите, кадешто составен дел е придавката. Но, приватно и официјално, и секако, тоа е мое колоквијално човеково право да се изразувам онака како што сакам, загарантирано со конвенции од Обединетите нации, јас го користам името на мојата татковина, а тоа е Македонија“, објасни Мицкоски.