
Директорот на Националната агенција на работна средба во Полска
Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, д-р Петар Богојески, учествува на состанокот на директорите на Националните агенции од земјите членки на Европската унија, партнерски земји како Швајцарија, и земји апликанти, меѓу кои и Македонија, Србија и Турција. Средбата се одржува во Полска, како земја претседавач со Советот на Европската унија.

Оваа работна средба има за цел преземање на надлежностите, поставување на заеднички приоритети и координација на активностите во рамки на европските образовни програми. Македонија се претставува како активен партнер, подготвен да придонесе кон зајакнување на заедничката европска образовна мрежа. За време на работните средби беа договерени билатерални соработки со национални агенции од: Грција, Шпанија, Португалија, Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија и Хрватска.
Нашата мисија е да обезбедиме реални резултати за учениците, студентите, наставниците, младите и претприемачите во Македонија.
Агенцијата продолжува со процесот на реформирање во ефикасен сервис на граѓаните, со фокус на:
– Поддршка и обука за апликанти,
– Развивање на билатерални партнерства,
– Пристап до програмата КА3, која нуди можности за инвестиции и развој.
Со соодветна подготовка, македонските институции и организации можат да искористат значителни средства кои се достапни преку европските фондови.
Дополнително, се воспоставува систем за мерење на ефектот од проектите по нивната реализација – со цел да се обезбеди вистинска додадена вредност за заедницата.
Со овие активности, Македонија ја зацврстува својата позиција во европското образовно семејство и придонесува кон неговиот понатамошен развој.