ЈАБЛАНИЦА – ГО ЗАШТИТУВАМЕ ПРИРОДНОТО БОГАТСТВОТО ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ!

Македонија

Започнува првиот официјален чекор за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје – изработката на Студијата за валоризација на нејзините уникатни природни вредности.

 

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општините Струга и Вевчани, ја започнува изработката на Студијата за валоризација на масивот Јабланица.

Студијата ќе го оцени природното богатство на планината, вклучувајќи биолошка разновидност, живеалишта, геодиверзитет, хидрологија и многу повеќе.

 

Планината Јабланица е природно богатство со висока еколошка вредност, дел од Емералд мрежата и потенцијален дел од Натура 2000.