КИМ МУ ИСПРАТИ ПОЗДРАВ НА ЗАПАДОТ Ако ја нападнете Русија нема да се извлечете, ние ќе ја браниме

Политика, Свет

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати јасна порака до западните земји, најавувајќи дека Северна Кореја ќе ѝ пружи поддршка на Русија во случај на воен напад. Според државната новинска агенција КЦНА, Ким изјавил дека неговата земја е подготвена да ги активира своите вооружени сили во согласност со договорот за соработка меѓу Пјонгјанг и Москва.

„Ако американските слуги не се откажат од своите опасни намери да ја нападнат Русија, ќе се соочат со соодветен одговор од Северна Кореја“, изјави Ким, додавајќи дека нема да се двоуми да издаде наредба за воена интервенција, доколку тоа го наложи ситуацијата.

Во чест на рускиот Ден на победата, севернокорејските институции, меѓу кои Работничката партија, Државниот совет, Президиумот на Врховното народно собрание и Владата, испратија заедничка честитка до Русија. Во пораката се изразува длабока почит кон генерацијата која ја победила нацистичка Германија и се оддава признание на руските вооружени сили кои, како што се наведува, и денес ги бранат суверенитетот и безбедносните интереси на својата земја.

„Историјата нема да заборави кој го спаси човештвото од нацизмот и од ропство“, стои во честитката, во која се осудуваат, како неприфатливи, сите обиди да се потцени улогата на Советскиот Сојуз во победата над фашизмот.