
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Претпладне ќе уживаме во сонце, попладне ќе се „ладиме“ со дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.