Општина Битола објави електронско јавно наддавање за отуѓување градежно земјиште за трговски и станбени објекти

Македонија

Општина Битола по пат на електронско јавно наддавање, ќе врши отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија за изградба на објекти.

 

Предмет на електронско јавно наддавање е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија предвидено за изградба на објекти со намена Б2- Големи трговски единици и А1- Домување во станбени куќи, согласно со Д.У.П. за „А.Р.М. четврт 1, 2 и 3“ – Битола донесен со Одлука на Советот на Општина Битола бр.07-1791/3 од 06.09.2010 година и Предлог за техничка исправка на Д.У.П. за „А.Р.М. четврт 1, 2 и 3“, донесен со Одлука на Советот на Општина Битола бр.09-20/13 од 28.02.2025 година и изградба на објект со намена производство, дистрибуција и сервиси- Г2, Г3 и Г4 согласно Измените и дополнувањата на Урбанистички план вон населено место „Јужна Индустриска Зона Жабени“, донесени со Одлука на Советот на Општина Битола бр.07-2177/33 од 28.09.2011 година.

Повеќе информации за условите на јавното наддавање, правото на учество и друго, ќе најдете на следниот линк:

 

https://www.bitola.gov.mk/objava-1-2025/