На депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војнаНа депонијата Мегленци пронајдени три артилериски гранати од Првата светска војна

Македонија

Во СВР Битола вчера  во 10.39 часот И.Т.(38) од село Новаци, општина Новаци пријавил дека на депонија Мегленци биле пронајдени три артилериска гранати со калибар 75 мм од Првата светска војна.

Од МВР денеска соопштија дека артилериските гранати од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола биле безбедно подигнати.