Омерагиќ и Ганиу на состанок со раководството на УЕФА во Сараево

Спорт

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, заедно со генералниот секретар Дрилон Ганиу, учествуваат на регионалниот состанок на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

На овој значаен собир, првите луѓе на националните федерации имаат средба со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, како и со директорот на Национални асоцијации во европската организација, Зоран Лаковиќ.

Главни теми на состанокот се унапредувањето на фудбалската инфраструктура во регионот, подобрувањето на младинските програми и идните планови за развој на националните тимови.

 

Присуството на македонската делегација на овој форум ја потенцира заложбата на ФФМ за активна соработка со европските фудбалски структури и градење на стабилен систем за поддршка на домашниот фудбал.