
Меџити во Истанбул со успешниот Албанец од Скопје, главниот советник на Ердоган
Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во рамките на посетата на Истанбул, оствари средба со скопјанецот Сабри Демири, актуелен советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Во градот Истанбул, каде што се среќаваат два континента и каде што историјата зборува со величественост, имав задоволство да го запознаам мојот пријател, Сабри Демири.
Албанец од Чаир, Скопје, син на нашата земја, кој со визија, труд и посветеност успеа да стане еден од најдоверливите советници на претседателот на Турција. Историја на успех која не доаѓа случајно, туку како резултат на албанскиот дух што не застанува пред ниту еден предизвик.
Оваа средба не беше само пријателски разговор, туку и момент на национална гордост. Бевме двајца скопјани, во еден од најголемите метрополи во светот, сведочејќи уште еднаш дека Албанците не познаваат граници кога станува збор за успехот. Секогаш е чест и гордост да се види сонародник кој постигнува големи успеси!“, напиша Меџити.