
Сведоштво за македонската посебност во 1871 година
На денешен ден, на 1 март 1871 година во бугарскиот весник „Право“ (уредници биле Христо Стојанов и Иван Најденов) излегува една статија насловена „Г-не издавач на в. Право“, напишана од бугарскиот поет и политичар Петко Славејков. Оваа статија е еден вид сведоштвото за активноста на македонските националисти и сепаратисти, чија борба била да докажат дека тие сметале дека Македонија е на Македонците, а не на Бугарите, како и дека сметале дека се „Филипови и Александрови“, наследници на старите Македонци.
Во статијата, покрај навредите и омаловажувањата кон истите тие македонски националисти (кои Славејков ги нарекува говеда и глупави луѓе), сепак има признание и потврда за посебноста на македонскиот народ, како што може да видите овде:

Ова се некои од најважните делови од оваа статија, во која Славејков повеќе пати буквално цитира што Македонците им говореле нему и на другите Бугари уште пред век и половина.

Затоа статијата е своевиден тестаментален документ со кој не само што се потврдува посебноста на Македонците од Бугарите, туку и во срж се разбиваат сите подоцнежни бугарски небулози, од типот на „Македонците ги создаде Тито во 1944 г.“ или „Македонците ги создаде Коминтерната во 1934 г.“

Овие документи се наоѓаат во дигиталната библиотека на Македонска Држава ( https://www.instagram.com/makedonskadrzava ), чија замисла е да се зачува и документира македонската историја низ вековите.